Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, септември 2019 година

среда, 16 октомври 2019


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2019 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на август 2019 година и изнесува 21.7, а во однос на септември 2018 година е зголемен за 1.1 процентен поен.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2019, во однос на август 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на август 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна  во однос на септември 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2019 година изнесува 69.4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 22.1 %, недоволната странска побарувачка со 18.9 %, недоволната домашна побарувачка со 13.7 % и неизвесното економско опкружување со 13.3 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика