Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, април 2019

среда, 15 мај 2019


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2019 година е зголемен за 0.1 процентен поен во однос на март 2019 година и изнесува 20.8, а во однос на април 2018 година е зголемен за 1.5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2019, во однос на март 2019 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на март 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на април 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2019 година изнесува 69.5 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 26.8 %, недоволната странска побарувачка со 16.6 % недоволната домашна побарувачка со 14.9 % и неизвесното економско опкружување со 10.7 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика