Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јануари 2019 година
петок, 15 февруари 2019
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2019 година е намален за 0.3 процентни поени во однос на декември 2018 година и изнесува 20.1, а во однос на јануари 2018 година е зголемен за 1.3 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2019, во однос на декември 2018 година, е поневолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на декември 2018 година. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на јануари 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2019 година изнесува 68.2 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз огрничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 28.7 %, недоволната домашна побарувачка со 15.5 %, недоволната странска побарувачка со 15.3 % и неизвесното економско опкружување со 8.9 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика