Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, мај 2018 година

четврток, 14 јуни 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2018 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на април 2018 година и изнесува 19.5, а во однос на мај 2017 година е зголемен за 3.0 процентни поени.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2018, во однос на април 2018 година, е поповолна во однос претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на април 2018 година.


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на мај 2017 година. Се очекува бројот на вработените да порасне.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2018 година изнесува 67.4 % од нормалното искористување.


Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 23.0 %, недоволната домашна побарувачка со 18.7 %, недоволната странска побарувачка со 18.4 % и финансиските проблеми со 10.1 %.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика