Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, февруари 2018
четврток, 15 март 2018
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2018 година е за 0.3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на февруари 2017 година е зголемен за 2.4 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2018, во однос на јануари 2018 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на јануари 2018 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна e и во однос на февруари 2017 година. Се очекува бројот на вработените да порасне.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2018 година изнесува 66.9% од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 21.4%, недоволната странска побарувачка со 19.0%, недоволната домашна побарувачка со 18.4% и неизвесното економско опкружување со 10.4%.
Соопштението е достапно само во pdf формат.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 741
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика