Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, октомври 2017
среда, 15 ноември 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2017 година е за 0.1 процентен поен повисок во однос на претходниот месец, а во однос на октомври 2016 година е зголемен за 1.5 процентeн поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2017, во однос на септември 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на септември 2017 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2017 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на октомври 2016 година. Се очекува бројот на вработените да расте.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2017 година изнесува 66.1% од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 20.7%, недоволната странска побарувачка со 20.4%, недоволната домашна побарувачка со 17.9% и неизвесното економско опкружување со 11.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика