Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, септември 2017
понеделник, 16 октомври 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2017 година е за 0.1 пероцентен поен повисок во однос на претходниот месец, а во однос на септември 2016 година е зголемен за 1.4 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2017, во однос на август 2017 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на август 2017 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2017 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на септември 2016 година. Се очекува бројот на вработени да расте.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2017 година изнесува 65.4% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.3%, недостигот на квалификувана работна сила со 19.6%, недоволната домашна побарувачка со 17.5% и неизвесното економско опкружување со 11.7%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика