Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јули 2017 година

вторник, 15 август 2017


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во јули 2017 година е за 0.4 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос
на јули 2016 година е зголемен за 2 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2017, во однос на јуни 2017 година, е
поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поволни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на јуни 2017 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2017 година е поповолна во однос на
претходниот месец, а е поповолна и во однос на јули 2016 година. Се очекува бројот на вработените да расте.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2017 година изнесува 65.3% од
нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 20.0%, недостигот на квалификувана работна сила со 19.2%, недоволната домашна
побарувачка со 17.9% и неизвесното економско опкружување со 12.4%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика