Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јануари 2017
среда, 15 февруари 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2017 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2016 година е зголемен за 4.0 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2017, во однос на декември 2016 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на претходниот месец. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2017 година е речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец, а многу поповолна во однос на јануари 2016 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2017 година изнесува 65.5% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.0%, недоволната домашна побарувачка со 20.6% и недостигот на квалификувана работна сила 17.5%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика