Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за сегашната економска состојба на деловните субјекти во декември 2010 година
понеделник, 24 јануари 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во декември 2010 година како поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на декември 2009 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во декември 2010 година бележи пораст во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во декември 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во декември 2010 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се зголемат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2010 година изнесува 61.4% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во декември 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.8%, недоволната домашна побарувачка со 17.2%, финансиските проблеми со 12.9% и неизвесното економско опкружување со 12.0%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov
|
© Државен завод за статистика