Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, август 2016

четврток, 15 септември 2016


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во август 2016 година е за 0.5 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос
на август 2015 година е зголемен за 5.5 процентни поени.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2016, во однос на јули 2016 година,
е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а
залихите на готовите производи сe зголемени.


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2016 година е поповолна во споредба со
претходниот месец, а многу поповолна во однос на август 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека
ќе се зголеми.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2016 година изнесува 65.1% од
нормалното искористување.


Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 24.1%, недоволната домашна побарувачка со 17.2% и недостигот на квалификувана
работна сила со 14.3%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика