Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јуни 2016
петок, 15 јули 2016
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2016 година е за 0.8 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јуни 2015 година е зголемен за 5.6 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2016, во однос на мај 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на јуни 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2016 година изнесува 64.6% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.7%, недоволната домашна побарувачка со 16.6%, недостигот на квалификувана работна сила со 14.1% и финансиските проблеми со 9.4%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика