Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, мај 2016
среда, 15 јуни 2016
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2016 година е за 0.1 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2015 година е зголемен за 6.5 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2016, во однос на април 2016 година, е малку поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2016 година е малку поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна е во однос на мај 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2016 година изнесува 64.3% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.8%, недоволната домашна побарувачка со 16.7%, недостигот на квалификувана работна сила со 14.8% и финансиските проблеми со 8.7%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика