Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, април 2016
понеделник, 16 мај 2016
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2016 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на април 2015 година е зголемен за 8.5 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2016, во однос на март 2016 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe намалени. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна е во однос на април 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2016 година изнесува 64.1% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.6%, недоволната домашна побарувачка со 16.9%, недостигот на квалификувана работна сила со 16.3% и финансиските проблеми со 7.9%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика