Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, февруари 2016

вторник, 15 март 2016


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во февруари 2016 година е за 0.8 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во
однос на февруари 2015 година е зголемен за 8.3 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2016, во однос на јануари 2016 година,
е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а
залихите на готови производи сe непроменети.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2016 година е поповолна во споредба
со претходниот месец, а поповолна е и во однос на февруари 2015 година. Оценката за бројот на вработени е
дека ќе се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2016 година изнесува 64.6%
од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 20.5%, недоволната домашна побарувачка со 18.1%, недостигот на квалификувана
работна сила со 16.8% и финансиските проблеми со 9.1%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика