Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јануари 2016
понеделник, 15 февруари 2016
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2016 година е за 0.4 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2015 година е зголемен за 8.2 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2016 година, во однос на декември 2015 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готови производи сe намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна е и во однос на јануари 2015 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2016 година изнесува 64.5% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.3%, недоволната домашна побарувачка со 21.4%, недостигот на квалификувана работна сила со 17.2% и неизвесното економско опкружување со 7,9%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика