Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, декември 2015

понеделник, 18 јануари 2016


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија, во декември 2015 година, е за 0.3 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во
однос на декември 2014 година е зголемен за 8.0 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2015, во однос на ноември 2015
година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на
готови производи сe зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2015 година е поповолна во споредба со
претходниот месец, а поповолна е и во однос на декември 2014 година. Истото се однесува и на оценката за
бројот на вработените.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2015 година изнесува 64.5%
од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
домашна побарувачка со 25.0%, недостигот на квалификувана работна сила со 24.7% и недоволната странска
побарувачка со 23.4%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика