Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, ноември 2015
петок, 18 декември 2015
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, во ноември 2015 година, е за 0.3 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на ноември 2014 година е зголемен за 8.1 процентен поен. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2015, во однос на октомври 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на готови производи незначително сe зголемени. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2015 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а е поповолна и во однос на ноември 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2015 година изнесува 64.1% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.0%, недоволната домашна побарувачка со 24.5%, недостигот на квалификувана работна сила со 23.1% и финансиските проблеми со 5.8%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика