Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, септември 2015
вторник, 20 октомври 2015
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2015 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на септември 2014 година е зголемен за 6.2 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2015, во однос на август 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на готови производи сe намалени. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2015 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а како поповолна е оценета и во однос на септември 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2015 година изнесува 63.9% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 24.6%, недоволната странска побарувачка со 23.8%, недоволната домашна побарувачка со 23.5% и финансиските проблеми со 5.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика