Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, август 2015

петок, 18 септември 2015


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во август 2015 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос
на август 2014 година е зголемен за 6.8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2015, во однос на јули 2015 година, е
поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на
готови производи сe намалени.
Економската состојба на деловните субјекти во август 2015 година е оценета како поповолна во однос на
претходниот месец, а како поповолна и во однос на август 2014 година. Истото се однесува и на оценката за
бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2015 година изнесува 63.8% од
нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на
квалификувана работна сила со 25.0%, недоволната домашна побарувачка со 24.0%, недоволната странска
побарувачка со 23.7% и финансиските проблеми со 6.9 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика