Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јули 2015

четврток, 20 август 2015


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија, во јули 2015 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец , а во однос
на јули 2014 година е зголемен за 6.8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2015, во однос на јуни 2015 година е
поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на
готови производи сe зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2015 година е речиси на еднакво ниво како во
претходниот месец, а e поповолна во однос на јули 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на
вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2015 година изнесува 63.6% од
нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 24.7%, недостигот на квалификувана работна сила со 24.7%, недоволната домашна
побарувачка со 23.8% и конкурентниот увоз со 6.1 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика