Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, април 2015

понеделник, 18 мај 2015


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во април 2015 година е за 0.1 процентен поен поголем во однос на претходниот месец , а во однос
на април 2014 година е зголемен за 3.5 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2015, во однос на март 2015 година,
е поповолна, залихите на готови производи сe зголемени, а очекувањата за обемот на производството во
наредните три месеци се поповолни.
Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како
поповолна и во однос на април 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2015 година изнесува 63.0% од
нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 25.3%, недостигот на квалификувана работна сила со 25.3%, недоволната домашна
побарувачка со 24.0% и финансиските проблеми со 5.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика