Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија, во јануари 2015, во однос на декември 2014, е повисок, а повисок е и во однос на јануари 2014
година.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2015, во однос на декември 2014
година, е поповолна, состојбата со залихите на готови производи e поповолна, како и очекувањата за обемот
на производството во наредните три месеци.
Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како
понеповолна во однос на јануари 2014 година. Оценката за бројот на вработени е непроменета во однос на
декември 2014 година.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2015 година изнесува 61.9% од
нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 25.1%, недоволната домашна побарувачка со 24.7%, недостигот на квалификувана
работна сила со 23.6% и финансиските проблеми со 6.4%.