Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во септември 2014 година

понеделник, 27 октомври 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба
на деловните субјекти во септември 2014 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а
понеповолна и во однос на септември 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е
поповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во септември 2014 година
е поповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три
месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во септември 2014 година, залихите
на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу
нормалата. Залихите на готовите производи во септември 2014 година се намалени во однос на август 2014
година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2014 година изнесува
61.3% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството
во септември 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.7%, недоволната
домашна побарувачка со 18.0%, неизвесното економско опкружување со 10.6 % и финансиските проблеми со
8.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 647

е-пошта:  dragan.nedelcin@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика