Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во јули 2014 година

вторник, 26 август 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на
деловните субјекти во јули 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, a на исто ниво во
однос на јули 2013 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос
на претходниот месец. Обемот на производството во јули 2014 година е поповолен во однос на претходниот
месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата
за бројот на вработените. Во јули 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните
набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јули
2014 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на
деловните субјекти во јули 2014 година изнесува 61.6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на
ограничувањето на обемот на производство во јули 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска
побарувачка со 22.2%, недоволната домашна побарувачка со 18.5%, неизвесното економско опкружување со
9.2% и финансиските проблеми со 8.9% .





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 647

е-пошта:  dragan.nedelcin@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика