Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во ноември 2022 година е намален за 0.1 процентeн поен во однос на октомври 2022 година и изнесува 14.3, а во
однос на ноември 2021 година е намален за 0.2 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2022, во однос на октомври 2022 година
е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се непроменети во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2022 година е поповолна во однос на претходниот
месец, а понеповолна во однос на ноември 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2022 година изнесува 67.3 % од
нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на
квалификувана работна сила со 21.2%, недоволната странска побарувачка со 16.3 %, неизвесното економско
опкружување со 16.1 % и недоволната домашна побарувачка со 12.0 %.