Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во август 2022 година е непроменет во однос на јули 2022 година и изнесува 14.2, а во однос на август 2021 година е
намален за 0.8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2022, во однос на јули 2022 година е поповолна,
очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец,
а залихите на готовите производи се намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2022 година е поповолна во однос на претходниот
месец, а понеповолна и во однос на август 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2022 година изнесува 66.1 % од
нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот
на квалификувана работна сила со 20.1 %, недоволната странска побарувачка со 17.3 %, неизвесното економско
опкружување со 15.5 % и недоволната домашна побарувачка со 12.4 %.