Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во април 2022 година е намален за 0.1 процентен поен во однос на март 2022 година и изнесува 13.2, а во однос на
април 2021 година е намален за 1.5 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2022, во однос на март 2022 година е поповолна,
очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец,
а залихите на готовите производи се намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2022 година е понеповолна во однос на претходниот
месец, а понеповолна и во однос на април 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2022 година изнесува 63.8% од
нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на
квалификувана работна сила со 16.9%, недоволната странска побарувачка со 17.8%, неизвесното економско
опкружување со 15.6% и недоволната домашна побарувачка со 11.9%.