Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, ноември 2021 година

среда, 15 декември 2021


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември 2021 година е намален за 0.2 процентни поени во однос на октомври 2021 година и изнесува 14.5, а во однос на ноември 2020 година е зголемен за 1 процентен поен. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2021, во однос на октомври 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на ноември 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2021 година изнесува 69.6 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.1 %, неизвесното економско опкружување со 15.5 %, недостигот на квалификувана работна сила со 15.0 % и недоволната домашна побарувачка со 12.9 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика