Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за сегашната економска состојба на деловните субјекти во октомври 2010 година

петок, 26 ноември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2010 година како малку понеповолна во однос на претходниот месец, а многу поповолна во однос на октомври 2009 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, исто така, е малку понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во октомври 2010 година бележи мал пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во октомври 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во октомври 2010 година се намалени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се намалат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2010 година изнесува 60.2% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.8%, недоволната домашна побарувачка со 16.4%, финансиските проблеми со 12.1% и неизвесното економско опкружување со 10.9%.




  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика