Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во март 2014 година

петок, 25 април 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на
деловните субјекти во март 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна
во однос на март 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолнa во однос на
претходниот месец. Oценката за обемот на производството во март 2014 година е понепoволна во однос
на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни,
додека очекувањата за бројот на вработените се понеповолни. Во март 2014 година, залихите на суровини и
репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите
на готовите производи во март 2014 година се намалени во однос на февруари 2014 година. Просечното
искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2014 година изнесува 59.8% од нормалното
искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во март 2014 година
имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.7%, недоволната домашна побарувачка со
18.3%, финансиските проблеми со 9.7% и неизвесното економско опкружување со 7.4%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика