Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2014 година
четврток, 27 март 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во февруари 2014 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а , исто така, понеповолна и во однос на февруари 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во февруари 2014 година е понепoволна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработени. Во февруари 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во февруари 2014 година се намалени во однос на јануари 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2014 година изнесува 58,9% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во февруари 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.7%, недоволната домашна побарувачка со 18.7%, неизвесното економско опкружување со 8.4% и финансиските проблеми со 8.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика