Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката
индустрија за економската состојба на деловните субјекти во октомври
2013 година
понеделник, 25 ноември 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2013 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на октомври 2012 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во октомври 2013 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и oчекувањата за бројот на вработените. Во октомври 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во октомври 2013 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2013 година изнесува 61.4% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври 2013 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.2%, недоволната домашна побарувачка со 18.3%, финансиските проблеми со 10.7% и конкурентниот увоз со 9.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика