Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2024
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2.4 %, а кај аутпутот е зголемен
за 20.3 %.
Во декември 2024 година, во споредба со декември 2023 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 102.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 104.8.
Во делот аутпут, во декември 2024 година, во споредба со декември 2023 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 123.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 111.9.