Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2022
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 13.3 %, а кај аутпутот се бележи
зголемување од 12.3 %.
Во декември 2022 година, во споредба со декември 2021 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 113.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 111.7.
Во делот аутпут, во декември 2022 година, во споредба со декември 2021 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 108.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 123.4.