Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2022
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 19.9 %, а кај аутпутот се бележи
зголемување од 10.3 %.
Во октомври 2022 година, во споредба со октомври 2021 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 120.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 110.9.
Во делот аутпут, во октомври 2022 година, во споредба со октомври 2021 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 107.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 120.5.