Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари 2022
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 16.2 %, а кај аутпутот се бележи
зголемување од 8.0 %.
Во февруари 2022 година, во споредба со февруари 2021 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 116.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 111.2.
Во делот аутпут, во февруари 2022 година, во споредба со февруари 2021 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 108.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 104.6.