Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, изнесува 100.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (16.5%), Градежништво (8.7%) и Административни и
помошни услужни дејности (4.0%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (6.5%), Снабдување со електрична енергија,
гас, пареа и климатизација (6.5%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.7%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2014, изнесува 20 941 денари.
Во февруари 2014 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.