Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.2, а индексот на цените на мало изнесува 99.8.
Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7.2 %, цигарите за 4.1 %, маслото и маснотиите за 3.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.9 %, јајцата за 0.8 %, месото и млекото за 0.7 %, лебот и житата, сирењето и урдата, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0.4 %, жестоките пијалаци и виното за 0.3 % и прехранбените производи неспомнати на друго место за 0.2 %.
Во март 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите апарати и производи за лична хигиена за 1.3 %, игрите, играчките и хобијата за 0.9 %, материјалите за одржување и поправките на живеалиштето, моторните возила за 0.8 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.6 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, мебелот и покуќнината, фармацевтските производи за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.3 %, другите медицински производи, домашните миленици и сродни производи за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 10.2 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7.8 %, телефонската и телефакс опремата за 2.9.%, гасот за домаќинствата за 2.8 %, воздухопловниот патнички транспорт за 1.8 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.8 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.6 %, информатичката опрема за 0.2 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи пораст од 0.5 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.3%.