Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, февруари 2021 година

понеделник, 08 март 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2021 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на цените на мало изнесува 100.0.
 
Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежото и разладеното овошје за 2.7 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите
коренести плодови, виното за 0.8 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5 %, рибата
и морските плодови, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.3 %, лебот и житата, полномасното
млеко за 0.2 %.
 
Во февруари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај гасот за домаќинствата,
моторните возила, информатичката опрема за обработка на податоците за 3.1 %, горивата и мазивата за сопствените
превозни средства за 1.4 %, медиумите за снимање за 0.9 %, снабдувањето со вода, накитот, часовниците и
рачните часовници за 0.7 %, патниот патнички транспорт за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата,
фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата за 0.5 %, резервните делови и приборот за
сопствените превозни средства, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0.4 %, мебелот и покуќнината за 0.3%.
 
Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0.7 %,
сирењето и урдата за 0.2 %.
 
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата
за 18.6 %, обувките за 2.3 %, собирањето на отпадните води за 1.2 %, ткаенините за изработка на облека за 0.5 %,
облеката, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.4 %, малите
електрични апарати за домаќинствата за 0.3 %, домашните миленици и сродните производи за 0.2 %.
 
Индексот на трошоците на животот во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи зголемување
од 1.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.8 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика