Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јануари 2021 година

понеделник, 15 февруари 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало изнесува 100.0.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компири и други коренести плодови за 6.5 %, свежото и разладеното овошје за 1.6 %, виното за 0.5 %, месото за 0.4 %, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0.3 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај домашните миленици и сродните производи за 2.7 %, течните горива за домаќинствата за 1.9 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1.3 %, информатичката опрема за обработка на податоци за 1.1 %, обувките за 1.0 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.9 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.5 %, другата облека и додатоците за облека за 0.4 %, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %, маслото и маснотиите за 0.4 %, жестоките пијалаци за 0.3 %.

Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 4.0 %, гасот за домаќинствата за 3.6 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за

2.0 %, мебелот и покуќнината за 1.6 %, велосипедите за 1.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 %, патниот патнички транспорт за 0.8 %, градините, растенијата и цвеќињата, книгите за 0.6 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, моторните возила, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.3 %, фармацевтските производи, другото образование, угостителските услуги за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи зголемување од 1.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.6 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика