Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало изнесува 98.9.
Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4.5 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 3.5 %, медиумите за снимање за 3.0 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.2 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.1 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, мебелот и покуќнината, големите електрични апарати за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата за 0.5 %, теписите и другите подни покривки за 0.3 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.2 %.
Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4.7 %, месото за 1.1%, виното за 1.0 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.7 %, маслото и маснотиите за 0.6%, лебот и житата за 0.4 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.2 %.
Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај книгите за 1.6 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 1.1 %, облеката за 1.0 %, обувките за 0.9 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.6 %, фризерските салони и центрите за разубавување, другите лични предмети за 0.5 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.4 %, моторните возила за 0.3 %, другите медицински производи за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи зголемување од 1.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.0 %.