Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во јуни 2020 година, во однос на претходниот месец изнесуваат 100.8.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 13.6 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компири и други коренести плодови за 6.2 %, сувото овошје и јаткастите производи за 3.5 %, пивото за 0.9 %, лебот и житата за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи, неспоменати на друго место, виното за 0.3 %.
Во јуни 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 18.6 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 9.7 %, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1.9 %, велосипедите за 1.0 %, електричните апарати за лична хигиена за 0.8 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи за 0.5 %, малите електрични апарати за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.4 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %, другите медицински производи за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај жестоките пијалаци за 0.6 %, месото, јајцата за 0.5 %, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, минералната вода, газираните пијалаци и соковите од овошје и зеленчук за 0.4 %, полномасното млеко за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за обработка на податоците за 5.7 %, гасот за домаќинствата за 4.2 %, моторните возила за 1.5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.8 %, домашните миленици и сродните производи за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи зголемување од 1.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0.2 %.