Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Регионални сметки


Бруто-домашен производ и инвестиции во основни средства, по региони, 2008

вторник, 15 јуни 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија во 2008 година има Скопскиот регион со 45,6%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5,2%.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат единствено Скопскиот регион со индекс 156,4 и Пелагонискиот регион со индекс 103,9. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија. Најмал бруто- домашен производ по жител, во однос на националниот просек, има Полошкиот регион со индекс 47,4.

При користењето на податоците треба да се има предвид дека податоците за БДП по жител во одделни региони во голема мерка се под влијание на "commuter flows". Дневната миграција на работната сила придонесува во даден регион да се создаде бруто-домашен производ кој не е резултат на резидентното население. Од тие причини, податоците за БДП по жител може да бидат преценети во регионот каде што тој се создава (Скопскиот регион), односно потценети во регионот од каде што се одлева работната сила. Податоците не ја прикажуваат развиеноста на регионите од аспект на приходите на населението.

Определувањето на регионите е во согласност со Номенклатурата на територијалните единици за статистика - НТЕС ("Службен весник на Република Македонија" бр. 158 /07).





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 680

е-пошта:  snezana.sipovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика