Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Регионални сметки


Бруто-домашен производ и инвестиции во основни средства по региони, 2020 година - прелиминарни податоци

петок, 17 декември 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 43.4 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4.8 %.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 141.8, Вардарскиот Регион со индекс 111.5, Југоисточниот Регион со индекс 107.4 и Пелагонискиот Регион со индекс 101.5. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.

При користењето на податоците, треба да се има предвид дека податоците за БДП по жител, во одделни региони, во голема мера се под влијание на „Commuter flows”. Дневната миграција на работната сила придонесува во даден регион да се создаде бруто-домашен производ што не е резултат на резидентното население. Од тие причини, податоците за БДП по жител може да бидат преценети во регионот каде што се создава тој (Скопскиот Регион), односно потценети во регионот од каде што се одлева работната сила. Податоците не ја прикажуваат развиеноста на регионите од аспект на приходите на населението. Тоа значи дека многу граѓани од останатите региони придонесуваат во создавањето на БДП за одреден регион, а заработените приходи ги префрлаат во регионите каде што живеат (како што е, на пример, случајот со Скопскиот Регион). Определувањето на регионите е во согласност со Номенклатурата на територијалните единици за статистика ‒ НТЕС („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 131/19).

Во 2020 година, во Република Северна Македонија се реализирани 144 779 милиони денари за инвестиции во основни средства, што е за 0.7 % помалку во однос на 2019 година. Најголемо учество во вкупните бруто-инвестиции во основни средства во 2020 година и понатаму има Скопскиот Регион со 59.4 %, додека најмало е учеството на Североисточниот Регион со 2.9 %.

Споредено со 2019 година, пораст на инвестициите во основни средства е забележан само во Скопскиот Регион за 16.1 %. 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика