Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вредноста на инвестициите во основни
средства во Република Македонија во 2011 година изнесува 94 537 милиони денари.
Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2011, во однос на 2010 година,
изнесува 13.9%.
Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62.2%,
машините и опремата со 33.6%, а останатите инвестиции со 4.2%.
Најголема вредност на инвестициите во основни средства е реализирана во следните сектори: Ѓ-Градежништво
(31.3 %); Б, В, Г и Д - Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со
отпад и дејности за санација на околината (23.0%); Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало, Поправка
на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со
храна (22.0%).