Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Инвестиции


Инвестиции во основни средства во 2009 година
- претходни податоци –


петок, 29 октомври 2010


Номиналното опаѓање на вредноста на инвестициите во основни средства во 2009 година, во однос на 2008 година, изнесува 5.2%

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на инвестициите во основни средства во Република Македонија во 2009 година изнесува 81872 милиони денари.

Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 53.4%, машините и опремата со 42.0%, а останатите инвестиции со 4.6%.

Според Националната класификација на дејностите, најголем обем на инвестиции во основни средства е реализиран во следните сектори: Ѓ-Градежништво 29.9%; Г-Преработувачка индустрија 17.8%; З-Сообраќај, складирање и врски 11.9% и Д-Снабдување со електрична енергија, гас и вода 11.3%.

Најголем пораст во однос на 2008 е забележан во следните сектори: Ѓ-Градежништво, Г-Преработувачка индустрија и А-Земјоделство, лов и шумарство.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 885

е-пошта:  boban.ilievski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика