Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, јануари 2018 година

петок, 09 март 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2018 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.4% на месечно ниво и за 1.9% на годишно ниво.

 
Во јануари 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 1.4%, Енергија
за 1.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.


Во јануари 2018, во споредба со јануари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи
на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 6.5%, Капитални производи
за 1.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7%, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика