Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Продажните цени на производителите на индустриски производи на
домашниот пазар во септември 2010, во однос на истиот месец од 2009
година, се повисоки за 7.8%
вторник, 12 октомври 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, изнесува 107.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемените цени во групата Енергија за 15.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5%, Капитални производи за 3.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3%.
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во секторот Вадење на руди и камен во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, е повисок за 3.0%, во секторот Преработувачка индустрија индексот на цените е повисок за 8.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 3.7%.
Во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, индексот на продажните цени во групата Елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 5.9%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 858
е-пошта:
lefterija.kalevska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика