Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, октомври 2024 година

четврток, 28 ноември 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2024 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.4 % на месечно ниво и за 6.4 % на годишно ниво.
Во октомври 2024 во споредба со септември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.1 % и
Трајни производи за широка потрошувачка за 0.4 %.
Во октомври 2024 во споредба со октомври 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 14.6 %, Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 9.4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.7 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика